Над 570 000 луѓе во 170 земји во светот протестираа за ефикасна борба против климатските промени, во пресрет на меѓународната конференција за климата, која се отвори денеска во предградието на Париз.
Таму присуствуваат лидерите на 147 земји во светот. Се очекува да биде постигнат историски договор за борба против климатските промени и намалување на стакленичките гасови.
Конференцијата беше отворена од страна на францускиот претседател Оланд, генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун и францускиот министер за надворешни работи.Во наредните две недели во Париз ќе се соберат над 10 000 луѓе.
Синоќа Ајфеловата кула беше осветлена со зелени светла, а на плоштадот “Република” во знак на протест беа оставени стотици парови чевли, според различни проценки околу 20 000, поради вонредната состојба поради терористичките напади од 13 ноември.
Полицијата им препорача на жителите и гостите на француската престолнина да го избегнуваат метрото и вчера приведе над 300 демонстранти.
Аналитичарите, сепак не очекуваат лесно постигнување договор.