Сириец храни бездомни во Берлин за да и се заблагодари на Германија

Во август Германија покажа неверојатна гостопримливост кога не се потчини на правилата на Европската унија и продолжи да прима бегалци од Сирија, без оглед на тоа од каде влегле во ЕУ.

Од тогаш Алекс Асали, Сириец, кој живее во Берлин, храни бездомници по улиците во обид да му “врати нешто на германскиот народ.” Асали избегал од Сирија во 2007 година, откако објавил критика против претседателот Башар Ал Асад на интернет. Откако поминал неколку години во Либија, тој пристигнал во Германија во 2014 година. Од август тој раздава храна на бездомници во различни делови на Берлин.

ubta

Според The ​​Telegraph, Асали застанува пред автобуска станица секоја недела и служи топол оброк на околу 100 луѓе. Девојката на Асали објавила негова фотографија на Facebook, која подоцна станала интернет хит.

“Тој навистина изгубил се, откако бил принуден да го остави семејството во Сирија, бидејќи сакале да го убијат”, пишува неговата девојка во текстот под сликата.

“Иако не располага со многу, тој излегува на улица и раздава храна на бездомниците секојдневно.”

- Реклама -