Организаторот на терористичките напади во Париз купил детонатори од продавница за огномет

Организаторот на терористичките напади во Париз купил електрични детонатори од продавница за огномет, кои ги користеле бомбашите самоубијци на денот кога го извршиле масакрот на 13 ноември, пишува британскиот весник The Telegraph, повикувајќи се на француските медиуми.

333995
Салах Абдеслам кој сега е на слобода, купил околу 10 детонатори од малопродажба во северен Париз, откако прашал неколку пати за нивната сигурност.

Сопственикот на продавницата се јавил на Националната телефонска линија, кога видел слика на 26-годишниот осомничен, по кој веќе била распишана потерница по нападите, и раскажал дека маж со сличен опис ја посетил продавницата пред еден месец.

Полициски извори потврдија дека истражителите добиле повик од продавницата, но не соопштија дали човекот кој го купил детонаторот, навистина бил Абдеслам.

Прочитајте и:  Австралиска пливачка: По пливањето во Сена, пиеме кока-кола обидувајќи се да измиеме нешто во нас
- Реклама -