Стендал за уметноста и љубовта

Главното достоинство на јазикот е во јасноста, вели Марѝ-Анрѝ Бејл, подобро познат по уметничкиот псевдоним Фредерик Стендал или само Стендал.

1_1448054032

 

Еве неколку негови цитати за уметноста.

“Големата уметност влева кај човекот прекрасни идеи кои го учат да жртвува сè за среќата на човечкиот род.”

“Само најголемите умови можат да си дозволат јасен стил.”

animals-art-arts-beauty-bird-black-Favim.com-38485

“Писателот не треба да размислува за критиката, така како што војникот не треба да размислува за болницата.”

“Добрата книга е настан во мојот живот.

“Во сите видови уметности е потребно да ги доживуваш само оние чувства кои сакаш да ги разбудиш кај другите.”

7eaf91f12ddf712d988ef1bc85bb0923

“Еден човек не може да поседува талент за сè.”

Прочитајте и:  Уметникот што ја создаде бананата залепена на ѕид: Делото е провокација за вредноста на уметноста

“Логиката не е уметност или наука, туку лукавство.”

За љубовта

“Во пријателството има не помалку илузии од оние во љубовта.”

“Мала количина надеж е доволна да предизвика раѓање на љубов.

љ1

“Разбирам дека една жена ми се допаѓа кога се плашам во нејзино присуство и не знам што да и кажам. ”

“Убавината не е ништо друго освен ветување за среќа.

љ2

“Доволно е да помислите за некое совршенство, за да го пронајдете во онаа која ја сакате.”

“Љубовта секогаш била најважната работа во мојот живот, ако не и единствената.”

љ3

- Реклама -