Ахмет Давутоглу: Турција е должна да ги штити своите граници

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу рече дека Турција е обврзана да дејствува против секој кој ги крши нејзините граници.

“Секој треба да знае дека е наше меѓународно право и национален долг да преземаме мерки против секој кој ги нарушува воздушните или копнените граници “, посочил Давутоглу по соборувањето на рускиот воен авион од турските сили долж границата меѓу Сирија и Турција.

Генералштабот на турската армија соопшти дека рускиот авион Су-24 бил предупредуван 10 пати во рамките на 5 минути пред да биде соборен.

“Во 9:20 часот по локално време авион од непознато потекло го наруши турскиот воздушен простор покрај бројните предупредувања. Два од нашите борбени авиони Ф-16, кои патролираат во регионот, се замешаа “, изјави турската армија.

По инцидентот турскиот премиер Ахмет Давутоглу се сретнал со началникот на Генералштабот на армијата и со министерот за надворешни работи, решавајќи да се сврти кон НАТО и ОН.

- Реклама -