Нови предвидувања за iPhone 7

iPhone 7 доаѓа со 3 GB RAM меморија и ќе биде водоотпорен.

Нормално, iPhone 6s и iPhone 6s Plus телефоните се практично уште нови бидејќи се пуштени на пазарот пред само неколку месеци, но гласините за претстојниот  iPhone 7 модел се појавуваат секојдневно. Најновиот извештај за тоа што можеме да очекуваме од новиот iPhone телефон го донесе TrendForce.

iphone-7-projector

Се верува дека две карактеристики ќе ја истакнуваат следната генерација на  iPhone телефоните: 3 GB RAM меморија и водоотпорност. Ова би требало да бидат карактеристики кои ќе ги дефинираат новите паметни телефони, но исто така можно е таа количина на RAM меморија да ја има само iPhone 7 Plus. Од друга страна, двата модели би требало да се водоотпорни, со што најпосле ќе ги задоволат хејтерите кои секогаш им го препишуваат овој недостаток. Водоотпорноста е нешто што е вообичаено во Android светот, особено кај телефоните на Sony. Истиот извор повторува дека ќе видиме 4 инчен телефон како и тоа дека новиот iPhone 7 ќе биде откриен во втората половина од следната година, како и секогаш.

- Реклама -