Вистината за тоа колку се ефективни кондомите

Кога некој/а што не е во брак ќе соопшти дека очекува бебе, првата помисла е дека не користел/а кондом. Сличен проблем има и во тоа што како синоним за кондом го користиме зборот „заштита“, што е прилично глобален феномен и наведува на мислење дека бременоста не е можна ако при сексуалниот однос се користи кондом.

Дури и на самите пакувања на поголемите брендови, Тrojan на пример, стои дека кондомите се ефикасни во 97% од случаите. Тоа значи дека на секои 100 двојки, 3 ќе добијат непланирано плачливо изненадување.

2.22955e+007Затоа, да зборуваме малку вистина. Шансите дека кондомот ќе ве предаде се многу поголеми отколку што мислите. 97-те проценти успешност што производителите ги рекламираат, технички се точни, но ја деформираат вистината повеќе отколку што би се деформирал кондом ако го навлечете околу баскет. Вистинскиот процент на успешност на кондомите е 82%, или во превод, ризикот од бременост е 6 пати поголем отколку оној што се презентира во јавноста.

Не се работи за класична измама, туку за суптилна разлика. Тие 97% се однесуваат на тоа колку „дефекти“ ќе резултираат со бременост, но во случај кога кондомот е наместен и се користи перфектно, како што е замислено. Специфичниот сет од инструкции за секој кондом е многу важно да се почитува, пред сé за да се спречи несакано истекување на машката семена течност на „непожелни места“. На хартија, ако кондомите се единствената контрацептивна мерка што ја користите, веројатно е дека ќе станете родител во период од една година.

Кога го отварате кондомот, го разгледувате ли продуктот и проверувате ли дали има резервоар на врвот? Ако не, штета, затоа што тоа е екстремно важно да го направите, исто колку што е важно да го притиснете истиот тој врв со прстите кога го навлекувате кондомот и да го истиснете воздухот за да создадете простор каде што спермата ќе може да се собере. Во спротивно, кондомот може да претече, а ништо чудно и да пукне. Лубрикацијата е исто така важна, а важно е и составот на лубрикантот да е базиран на вода.

Ако забележавте, досега ги споменавме само ризиците што настануваат при навлекувањето на кондомот, а да не зборуваме за факторите што ја намалуваат ефективноста на кондомот, а се дел од самиот сексуален однос. Превиткување, превртување, насукување – сите овие „деформации“ можат да го направат кондомот неефикасен исто колку и дождовен капут што се распаѓа при најмал ветар.

Чаре? Користете два кондома. Хехе, се зезаме, тоа уште повеќе ќе ја намали ефективноста. Сепак, решението не е да се откажете од кондомите – во тој случај заштитата е 0%. Решението е да не се потпирате на кондомите како единствена мерка за контрацепција, а ако веќе е така, да не се однесувате како попален мајмун кога го навлекувате и да внимавате на инструкциите и на деталите.

…Патем, кога ќе размислиме за високата ефективност од 97% при „идеалната употреба“ – којзнае, можеби се должи на тоа што луѓето се откажуваат од намерата да имаат секс откако ќе ги направат сите потребни баналности.

- Реклама -