Ако некогаш сте посакале да крстосувате со брод по Антарктикот, дефинитивно ќе ви се допадне видеово. Снимено е од Касандра Брукс, морски научник и студентка на Стенфорд. Во снимките е опфатен период од речиси 2 месеца од патувањето, сето тоа монтирано во помалку од 5 минути.
Го започнува своето патување во 2013-та, за да ги проучува фитопланктоните и органскиот јаглерод во водите на Јужниот пол. Сето ова е остварливо благодарение на тоа што истражувачкиот брод Nathaniel B. Palmer е всушност специјален мразокршач, со зајакнат труп и специјално дизајниран нос за разделување на дебели слоеви мраз.
Се работи за едно неверојатно видео-искуство кое ќе ви овозможи да ги доживеете и убавите и непријатните моменти од Антарктичкото патување, сето тоа од топлината на вашиот дом: