Децата кои не растат

Принципот птицата да одлета од гнездото кога ќе научи да лета, не е правило во 21 век.

Секогаш ни било чудно кога гледаме во американските филмови како децата започнуваат да живеат сами уште на 18 години оставајќи ги родителите зад себе, а оној кој се уште живее во крилото на мама, иако нема ни 25 години го сметаат за лузер. Кај нас да се започне самостоен живот уште на 18 години е речиси невозможно. Давачките се големи, примањата мали. Од друга страна, студентскиот живот сам по себе си залага многу трошоци, а кај нас голем е процентот на млади луѓе кои се запишуваат на факултети и го одложуваат процесот на вработување и осамостојување од помлада возраст.

Америка никогаш го немала тој проблем поради стандардот. Таму и младите имаат навика паралелно со колеџот да подработуваат нешто за да си ги платат сметките и да им остане простор за живеење на бурен студентски живот.

деца-родители

Но, во последно време ни Америка не е тоа што беше. Повеќе од една третина од американските жени на возраст од 18-34 години и цели 42,8% од мажите уште живеат со своите родители, а ваквите податоци ја шокираа јавноста. Особено изненадувачка е статистиката кај жените (36,2%), бидејќи за последен пат, кога толку многу дами биле под закрила на мама и тато, се случило пред цели седумдесет и четири години.

Престижниот институт Pew Research Center ги анализирал податоците на Бирото за попис на населението на САД, што пак од своја страна собрало информации од општините во 2014 година. Станува збор за реални податоци, а не анкета или проценка. Така веста грмна овие денови во американскиот печат, потврдена со конкретни факти.

Дури и во Америка, земјата на индивидуализмот и бескрајните растојанија, општеството очигледно се менува.

Всушност во големи делови од светот илјадници луѓе на возраст 18-34 живеат со своите родители – поради невработеност, недоволни приходи или недостаток на евтини станови. Во некои од потрадиционалните општества младите и онака никогаш не се заминувале масовно од дома, колку и да сакаат.

Американските социолози констатираат дека претставите исто така се менуваат.

Еден од постулатите на модерното западно општество до неодамна беше дека кога децата ќе наполнат 18 години или најдоцна кога ќе завршат високото образование, тие да мора да го напуштат домот. Враќањето или продолжувањето на соживотот со родителите потоа се сметаше за привремено и невообичаено решение, диктирано најчесто од несакани надворешни фактори.

Дали сепак привременото  е на пат да се претвори во трајно?

Може ли животот со родителите, прашуваат социолозите, да стане новата нормална состојба? Далие тоа посакувано и од двете страни?

Кога периодот помеѓу крајот на детството и започнувањето на самостоен живот трае подолго, тогаш тој веќе се определува со називот waithood или нешто како “време на чекање” по нашки.

p036ymdp

Во деведесеттите години на XX век авторката на терминот Дајан Сингерман ја анализира ситуацијата на младите во Египет и утврдува дека нивното влегување во групата на возрасните – бракот, е недостижно за многу од нив.

Очекувањата на општеството се дека младоженецот треба да направи богата свадба и да донесе што повеќе пари во куќата на сопругата.

Ова сепак не е лесно во услови на перманентна стагнација во економијата и хронична невработеност.

Затоа повеќето млади луѓе продолжуваат да живеат со своите родители, дури и кога одамна сакаат да се движат надвор и да започнат самостојно битуване. Тие се заглавени во waithood, чекајќи да соберат пари, да се венчаат, чекајќи вистинскиот живот да започне. Од оваа неповолна ситуација, заклучува Дајан, произлегуваат многу од проблемите.

Иако истражувањето е направено една деценија порано, заклучоците неизбежно се сконцентрирани кон некои особености на Арапската пролет во 2011 година.

Протестите беа водени претежно од млади мажи, добро образовани, но без постојана или ветувачка просперитетна работа, често со многу слободно време. Социјално маргинализирани, тие излегоа на улиците токму затоа што се надеваа на подобар живот кој ќе биде управуван од самите нив живот.

Во анализа BBC неодамна исто го посочи непожелниот и долгиот waithood како една од причините за популарноста на “Исламска држава” меѓу групи низ Блискиот Исток и оние незадоволни од својот живот на Запад.

Не случајно во втората група влегуваат 18-34 годишни кои припаѓаат по правило кон миграциони и често длабоко патријархални семејства.

На Запад тие ниту можат да живеат како нивните родители, ниту брзо се интегрираат.

Економската криза исто така не помага да застанат на нозе и да започнат самостоен и избалансиран живот.

Младите кои до неодамна општеството и нивните семејства не ги сфаќале сериозно, сега како борци на “Исламска држава”, одеднаш шират страв и се радуваат на глобално внимание.

Најинтересно во новата анализа на Pew Research Center сепак, е дека американските социолози не гледаат на waithood како целосно негативен развој, дури напротив.

Како што посочи пред јавната телевизија PBS еден од авторите на анализата – Ричард Фрај, економијата не е единствената причина возрасните деца да седат дома. Навистина Големата депресија ги наруши амбициозните планови на многу млади луѓе, кои штотуку завршиле со високото образование. На други, покрај исплатата на универзитетските кредити, кои во САД стигнуваат до вселенски величини, не им остануваат средства за самостоен дом.

son-leaving-home_3212724b

Масовните економски проблеми, по тезата на Фрај, сепак помогнаа да паднат јавните предрасуди против живеењето дома на 30-годишен син, отколку да го родат трендот. Се повеќе млади луѓе ги одложуваат бракот, раѓањето на деца и трајно утврдување на едно работно место, оставајќи за подоцна. За да си го дозволат тоа, многу од нив мора да се потпираат и делумно на помошта на своите родители.

Во исто време во моментов се одвива и тивка, но опиплива револуција во односите меѓу генерациите, барем на Запад.

Сегашните 18-34 годишни се блиски со своите родители, многу често имаат слични вкусови за музика, книги и храна, одат заедно на концерти и кино.

Вообичаениот антагонизам е заменет со тивка симпатија и судирите меѓу родители и деца се повеќе привремени и несуштински.

Дури масовната култура почна да се одразува на блискоста меѓу генерациите. Се сеќавате ли на пример, дека во серијата “Сексот и градот” родителите на четирите хероини беа целосно отсутни? Додека во „Модерно семејство“ семејството е ставено на пијадестал.

Можеме ли да ги обвинуваме тогаш и децата и родителите, дека кога животот ќе се покаже сложен, тие немаат ништо против да го споделат друштвото на малку подолго од очекуваното?

Можеби сегашните процеси всушност ги враќаат близината и балансот во односите меѓу многу постари родители и нивните деца.

А што се однесува до waithood на Блискиот Исток, тоа повеќе е симптом „на“ отколку причина „за“, длабоките општествени проблеми.

- Реклама -