Дотерување и за Mercedes S-класа

Mercedes-Benz S-класа е на пазарот неколку години и германската компанија веќе работи на неговото реновирање.

Прототипи на моделот беа пресретнати на тестирањата неодамна, кои ги откриваат првичните информации. Обновената верзија ќе добие нова графика за светлата, како и рестилизирани браници напред и назад. Поголеми промени ќе има во внатрешноста, каде двокракиот управувач ќе биде заменет со таков со три краци. Покрај тоа, дел од копчињата на централната конзола ќе бидат отстранети, а подобрувања ќе има и во двата екрани, кои ја  обликуваат инструменталната табла.

Што се однесува до моторите, предводникот на Германците ќе продолжи да доаѓа со познатата гама, кои најверојатно ќе бидат малку преработени со поголема моќност и подобра горивна економичност.

Автоплус

- Реклама -