Нови вести од Париз: Седум лица се уапсени, квартот – оштетен, а мноштво луѓе – евакуирани

Полицискoто пукање во париското предградие Сен Дени е завршено, но француските сили продолжуваат со операцијата за обезбедување на регионот, пренесуваат француските агенции.

Локалните жители треба да останат во своите домови. Според непотврдени информации полицијата чува неколку станбени згради во Сен Дени.

Наводно, една жена била осомничена дека му давала податоци на наводниот организатор на нападот во Париз, Абделхамид Абауд.  Се работи за жената која се саморазнесе  утрово со електрична направа.

Седум лица се уапсени во операцијата: целиот кварт е оштетен, а мноштво луѓе – евакуирани

Пет лица се уапсени од почетокот на антитерористичката операција во париското предградие Сен Дени. Уште две лица се уапсени во зградата, која е под опсада, со што бројот на уапсените станува седум. Од центарот на предградието се евакуирани мноштво луѓе, меѓу кои и мали деца. Според последните податоци при акцијата загинале двајца осомничени џихадисти, а петмина полицајци се повредени. Од 4:20 часот утринава целиот кварт во Сен Дени е целосно отцепен од полицијата. Зградата, која била скривница на терористите се наоѓа на улицата “Кробијон” број 8, во близина на Градското собрание.

Oрганизаторот уште не е фатен

Француските власти имале причина да веруваат дека наводниот организатор на париските напади Абделхамид Абауд се наоѓал во стан во предградието Сен Дени. Тоа го изјави Парискиот обвинител Франсоа Молен.

Од своја страна министерот за внатрешни работи Бернар Казнеов ги поздрави полицајците кои учествувале во акцијата.

Вкупно 110 припадници на силите за безбедност учествувале во операцијата, во која двајца џихадисти го загубија животот.

- Реклама -