Две лица загинаа, а тројца полицајци се повредени во антитерористичката операција во Сен Дени

Двајца осомничени загинаа, а тројца полицајци се повредени во антитерористичката операција, која започна во париското предградие Сен Дени во 4:30 часот утринава во потрага по наводниот организатор на нападите во Париз- Абделхамид Аабуд.
Меѓу загинатите осомничени е жената која се саморазнесе со електрична направа врзана околу појасот.

Министерот за внатрешни работи Бернар Казнеов изјави дека нема бегство од местото на операцијата.

Засилени мерки за безбедност се преземени не само во Сен Дени, но и по обиколницата на Париз, каде полицајци патролираат и ги проверуваат автомобилите и возачите.
Според телевизија BFMTV полициско куче било убиено во нападот. Тоа било ставено во станот, во кој се наоѓале осомничените, за да ја совлада заканата. Кучето било убиено, додека влегувало во станот.

Упасен сопственикот на станот

Уапсен сопственикот на станот во предградието Сен Дени, кој ја дал просторијата за изнајмување на две лица што пристигнале од Белгија. Мажот и раскажал на полицијата дека негов пријател го замолил да засолне двајца негови пријатели на неколку дена.

„Им реков дека нема душеци, но тие ми одговорија дека нема проблем. Имале потреба само од вода и молитва. Мојот пријател ми кажа дека доаѓале од Белгија“, рекол 30-годишниот маж.

„Ми побараа услуга и јас ги услужив. Не знаев дека се терористи “, вели тој.

Загинал и случаен минувач

За време на специјалната операција за апсење на терористи од терористичките акти во Париз во предградието на градот Сен Дени е убиен минувач, кој се појавил на улица за време на престрелката, пренесоа агенциите.
Блиските улици до местото на операцијата улици се блокирани од полицијата .Жителите на околните домови се предупредени од властите да не се приближуваат до прозорците и да не ги напуштаат своите домови.

- Реклама -