Кристијан Бејл ги посети жртвите од масакрот во Колорадо (видеа)

Кристијан Бејл, актерот што го игра Бетмен во трилогијата за The Dark Knight, се врати од Европа, каде што го промовира последниот дел од приказната за суперхеројот и ги посети дваесеттемина повредни во масакрот во Аурора кои сè уште се хоспитализирани.

Кристијан Бејл се појавил во болничкиот центар во Аурора без да ја најави својата посета кај медиумите. Таму тој лично разговарал со седум од жртвите од масакрот во кино салата, кои не се во критична состојба. При тоа се фотографирал со сите кои покажале интерес, а им посветил внимание и на луѓето од медицинскиот персонал што се грижат за недолжните луѓе што беа повредени во испадот на психопатот.

{youtube}dM4tg0dz3iM{/youtube}

По посетата на болницата каде што се згрижени повредените, Кристијан Бејл го посетил и меморијалниот центар посветен на жртвите кои ги оставија животите на првото прикажување на новиот филм. Бејл им оддал последна почит на жртвите, во чија чест се подигнати 12 крстови. Помеѓу згаснатите животи се оние на едно шест годишно девојче и тројца мажи кои умреле заштитувајќи ги своите девојки.

{youtube}lCNTe4nwojg{/youtube}

За време на овој хуман гест од велшкиот актер, адвокатскиот тим на психопатот од Аурора се подготвува да направи обид тој да биде изваден од затвор затоа што имал тешко детство, психоза, никој не сакал да се дружи со него или пак што било друго што може добро да се изглуми. [Christian Bale visits victims of Colorado shooting]

- Реклама -