ФОТО: Се појавил во чорапи и пижами на црвениот тепих

Вуди Харелсон ги изненади сите кога пред два дена се појави во премногу опуштено издание на конференцијата по повод премиера на последниот дел од трилогијата „Hunger Games“.

На конференцијата која е одржана во еден хотел, Вуди дошол облечен во долни дел пижами со кариран дезен и сива маица со долги ракави. Она што сите ги изненади е тоа што глумецот не носеше чевли, туку бил само во чорапи.

Woody-Harrelson-Hunger-Games-Paris-1

Џенифер Лоренс носеше во Dior фустан и штикли, а Лима Хемсворт и Џош Хатчерсон изгледаа беспрекорно во нивните сакоа и кошули.

Woody-Harrelson-Hunger-Games-Paris

Изгледа дека 54- годишниот глумец залутал на овој настан и диреткно од кревет се појавил на црвениот тепих.

 

- Реклама -