Давид Темелков со нов сингл на македонски и хрватски јазик

Младиот македонски пејач ,Давид Темелков, кој со својот шарм и талент ги освои симпатиите на целиот Балкан, неодамна го објави својот нов сингл „Беше се“. Тој исто така, ја препеа песната и на хрватски јазик со наслов „Bila je bolja“.

Песната е во аранжман на Миро Буљан и Сона Буљан ( текст на хрватски ), а македонската верзија е напишана од Огнен Неделковски.

Во продукцијата на овој музички проект на Давид соработуваше со великанот Тони Цетински.

Давид во музичките води е од својата 12 – та година, а најмногу се прослави со неговото учество во музичкото шоу „Икс Фактор“.

- Реклама -