Десет дена европска култура во Скопје

Од вечерва започнува Фестивалот на европски филм „Синедејс“.

Вечерва, 12-ти ноември, во киното Милениум со премиера на филмот „Три дена во септември“ на македонскиот режисер Дарјан Пејовски, ќе биде отворен 14- от Фестивал на европски филм Синедејс.

Филмот е во селекција за една од наградите во Официјалната програма.

„Три дена во септември“ е психолошки трилер, во кој двата главни женски лика преку меѓусебниот однос ги разоткриваат своите тајни и трауми.

Улогите ги толкуваат Ирена Ристиќ, Камка Тоциновски, Адем Карага, Милица Стојанова, Салаетин Билал, Кирил Коруновски, Александар Микиќ, Горан Трифуновски, Фатос Крјезиу, Ментор Зимберај, Блерим Черичи. Сценариото го напишаа Даријан Пејовски и Игор Иванов, директор на фотографија е Димо Попов, Александар Пејовски е композитор на оригиналната музика, монтажа – Владимир Павловски, дизајн на звук – Игор Поповски, сценограф е Снежана Поњавиќ-Муча, костимографијата е на Емилија Ивановска-Атанасовска, шминка на Симона Ристевска. Продуцент на филмот е Томи Салковски.

Прочитајте и:  Завршува 23. CINEDAYS со Вуди Ален, музика и DJ Забава
324761-sinedejs-se-otvora-so-makedonskiot-tri-dena-vo-septemvri
Три дена во септември (постер)

Фестивалот Синедејс ќе трае до 21 ноември и ќе понуди повеќе од стотина филмови селектирани во неколку програми: официјална програма, СинеБалкан, Гала програма, музички документарци, летонски и македонски кратки филмови и богата придружна програма од работилници, концерти и панел дискусии.

Наградите на Фестивалот се во висина од по 5.000 евра за најдобар филм во официјална конкуренција и најдобар филм во СинеБалкан конкуренција.

Цената на билет е 150 денари за проекциите во киното Милениум, 100 денари за програмата во киното Фросина, а проекциите во Џебното кино се бесплатни. Годинава за средношколците и студентите ќе има 50 отсто попуст за секој билет.

- Реклама -