Apple сака да го промени начинот на кој што луѓето работат.
На почетокот на оваа недела Apple го претстави својот огромен таблет iPad Pro во главната продавница во Лондон. За време на настанот, главниот извршен директор на Apple Тим Кук рече:
„Ако сакате да си купите компјутер, зошто да го направите тоа? Не, навистина, зошто ви е потребен компјутер?“.
Кук исто така додаде дека iPad Pro ќе ги замени преносните компјутери или десктоп компјутерите на многу луѓе.
„Тие ќе почнат да го користат и ќе дојдат до заклучок дека веќе немаат потреба да користат ништо друго освен телефони”, изјави Кук.
Кук зборуваше и за идните планови на компанијата да влезе на пазарот на здравствени производи. Кук навести дека Apple може да има дополнителни планови за иновации во областа на здравството преку апликации кои ќе бидат достапни на Apple Watch.
Кук сепак не сака Apple Watch кој веќе може да ја следи физичката активност на човекот и срцевиот ритам, да се претвори во регулиран производ кој се лиценцира од владата.