Деновиве возете со 40 км на час

Поради употребата на калциум магнезиум ацетат – биоразградливо и некорозивно средство кое што лесно се аплицира на улиците, против загадувањето во Скопје, градските власти апелираат да се вози не со 50, туку со 40 км на час.

скопје

Всушност ова средство би требало да ја намалува загаденоста на воздухот на тој начин што честичките кога ќе паднат на коловозот (ПМ-10 и ПМ-2.5) практично се лепат и по повторното движење на возилата не се качуваат нагоре и со тоа не одат во воздухот. Средството не е штетно за растенијата и испушта мирис на оцет кој што исто така не е опасен по нашето здравје.

Но, ова средство се нанесува во специфични услови. Ако, на пример, влажноста е поголема од 90 отсто, истото не може да се применува бидејќи водата ќе го однесе во системот за канализација. Градските власти очекуваат дека со третирање на улиците на ваков начин загадувањето би можело да се намали за до 30 отсто.

Меѓутоа, средството во кое што сите ние во одредена мера ја побаравме надежта за почист воздух, и за кое што генерално од другите градови каде што се применува се слушаат позитивни искуства има една голема маана – прави улиците да бидат многу лизгави.

skopje-kalcium-magnezium-ulici-zagaduvanje-02

За оваа негативна страна на калциум магнезиум ацетатот градските власти уште веднаш ги предупредија возачите и поставија сообраќајни знаци со ограничување на брзината.

Градските власти апелираат до возачите да возат со брзина до максимални 40 km/h заради можна појава на лизгавост на коловозот на сообраќајниците каде што ќе се аплицира средството.

Акцијата за нанесување на калциум магнезиум ацетат зпочна од булеварот “Св. Климент Охридски” и улиците “Св. Кирил и Методиј” и “Јордан Мијалков”.

Инаку, ова средство веќе е во редовна употреба во повеќе европски градови од кои што вреди да ги издвоиме метрополите како Виена, Лондон и Барселона.

- Реклама -