Кристен Стјуарт го изневери Роберт Патинсон

По сè изгледа, љубовта на славната двојка од серијалот Twilight не е вечна како онаа што ја имаат на платното. Обожавателите низ целиот свет ќе бидат скршени. Премиерата на последниот дел од славниот серијал е предвидена за 16 ноември оваа година… но, дали оваа љубов ќе издржи до тогаш?

Кристен Стјуарт го изневери своето момче и воедно партнер од сагата „Самрак“, со режисерот Руперт Сандерс, кој е воедно режисер на нејзиниот нов филм „Снежана и ловецот“. Според фотографот кој успешно ги доловил нивните моменти на нежност, 26 годишната актерка и 41 годишниот режисер не можеле да ги оттргнат рацете еден од друг и целиот тој љубовен занес траел прилично долго време.

Веднаш по објавувањето на инцидентот и пробивањето на оваа вест во јавноста, Кирстен била скршена. „Кристен е скршена. Тоа беше грешка. Таа немаше афера со Руперт, тоа беше само момент на слабост кој воопшто не требаше да се случи. Ова нема да се повтори никогаш повеќе. Таа е добра личност која направи грешка, меѓутоа, никогаш немаше намера никого да повреди“ изјавува анонимен извор близок на атерката.

Сè уште не е разјаснето дали Роберт Патинсон знае за она што наводно се случило помеѓу неговата девојка и режисерот Сандерс. Легендарната двојка се појави заедно на доделувањето на „Тинејџерските награди“ минатата недела и изгледаше прилично среќно. Исто така, на прес-конференцијата одржана по повод најавувањето на последниот долгоочекуван дел од сагата, двојката зборуваше за прекрасното време кое го поминале заедно и за желбата да се вратат назад во времето за да поминат сè повторно. Но, од најновите случувања може да заклучиме дека едниствената совршена врска помеѓу овие двајца актери е онаа која ја делат на платното.

Кристен Стјуарт и Роберт Патинсон се заедно од 2008 година кога започнаа да го снимаат првиот дел од сагата Twilight. Во тоа време, Кристен беше во долгогодишна врска со актерот Мајкл Анграно. Таа ја прекина оваа врска за подоцна да признае дека е заедно со нејзиниот колега, Патинсон. Режисерот Руперт Сандерс пак,  е оженет со манекенката Либерти Рос која е воедно и актерка и со која има две деца.

Ни еден од претставниците на режисерот и актерката не дал никаков коментар за овој настан до сега. [Kristen Stewart Cheats on Robert Pattinson with Married Director: Sources]

- Реклама -