Откако го претставија моделот One A9, од HTC изгледа се подготвуваат за претставувањето на новиот модел од серијата One, кој се очекува да го носи името One X9.
Ова име се појави на фотограгија од нов уред, што се рашири на интернет. За разлика од моделот One A9, новиот One X9 се очекува да има звучници “BoomSound”, кои ги направија моделите на HTC толку популарни. Се очекува уредот да е од највисока класа. Во овој поглед, екранот најверојатно ќе биде барем 5 инчи и резолуција од 1440 x 2560 пиксели.
Процесорот ќе биде Qualcomm – Snapdragon 820, или десетјадрен процесор на MediaTek – Helio X20. Другите технички карактеристики вклучуваат 4 GB RAM меморија, 4-мегапикселна предна камера со технологијата на HTC UltraPixel, како и 23-мегапикселна задна камера.
Внатрешниот простор се очекува да има 64 GB со можност да се прошири до 128 GB, а батеријата да биде со капацитет од 3 500 mAh. Пред три години тајванскиот производител на смартфони ја претстави серијата One X, која се дефинира како една од најдобрите на компанијата.