Легендарниот актер и пејач Френк Синатра бил дилер на дрога и има работено со колумбискиот наркобарон Пабло Ескобар, пишува во “Дејли експрес”, a тврди Себастијан Марокин, синот на Ескобар.
Во интервју за бразилскиот весник, Марокин го опишува Френк Синатра како подобар дилер на кокаин отколку пејач. Синот на Пабло Ескобар тврди уште дека пејачот, за чии што врски со мафијата се знае одамна, бил еден од бизнис партнерите на неговиот татко во Мајами, САД.
“Има повеќе пејачи отколку што човек може да замисли, кои почнаа кариери благодарение на спонзорството на шверцери на дрога. За овие работи нема приходи, само усмен договор. Јас знам за нив, бидејќи бев многу близок до татко ми, а тој и партнерите често разговараа за тоа “, раскажува Себастијан Марокин.
Минатата година британскиот актер Роџер Мур изјави дека врските на Френк Синатра со мафијата биле претерани. Според него станувало збор повеќе за гласини.
Пред околу 10 години, сепак најмладата ќерка на Синатра – Тина, раскажа за весникот “Сан” дека нејзиниот татко бил ангажиран од мафијата и работел за шефови од криминалното подземје речиси 20 години.
Таа исто така, потврди дека прототипот на Џони Фонтејн од трилогијата на Франсис Форд Копола “Кум” бил токму Синатра. Поради ова тврдење пејачот сакал да го тужи режисерот.
Пријатели на Синатра во подземјето биле Лаки Лучијано, Сем Џанкана и браќата Капоне.
38-годишниот Себастијан Марокин е едно од двете деца на Пабло Ескобар. Татко му загинува во престрелка на покривот на зграда во родниот град Меделин во 1993 година, откако се слушнал со неговиот син на телефон. Повикот им овозможува на властите да ја пронајдат локацијата на дрогата.
Неговиот син, тогаш 17-годишен, бега заедно со мајка си и сестра си во Мозамбик, пред да емигрираат во Аргентина, каде што живеат и денес.
Френк Синатра, сметан за еден од највлијателните уметници на 20-тиот век, почина во Холивуд во 1998 година на 82-годишна возраст.