Како чуварите ги заменија со крокодили

Шефот на индонезиската агенција за борба против наркотични средства, Буди Ваесо, предложи на некој остров да се изгради затвор со голема безбедност, кој ќе го чуваат специјални чувари – крокодили.

крокодили

Како што објасни Васесо, оваа специјална казнена установа би била исклучиво наменета за нарко дилерите осудени на смртна казна.

„Таму ќе сместиме што повеќе крокодили, по можност најкрволочните“, рече тој, додавајќи дека предноста на овие опасни натрапници е во тоа што „невозможно е да ги подмитите“.

Крокодилите, според него, се подобар избор од обичните чувари бидејќи се поефикасни и спречуваат бегство, со оглед на тоа што не подлежат на корупција, што не може да се каже и за чуварите.

Проектот е уште во почетна фаза. Не е одредено ни место, ни време за изградба на затворот. Покрај строгите закони против трговијата со наркотици, дрогата речиси слободно циркулира во индонезиските затвори. Затворениците, чуварите и полицијата редовно се обвинувани за кршење на законот и корупција. Неколку десетици затвореници се осудени на смрт и ги чека извршување на казна.

Source: Crocodile in Pool by mayilraj on Rumble

- Реклама -