Дубиоза Колектив со убедливо најдобар спот до сега!

Босанската група Дубиоза Колектив неодмна го претстави спотот на песната Free.mp3.

Free.mp3 е една од песните на која се пее на англиски јазик, а пораката е повеќе од очигледна. Се работи за заштита на авторските права, приватноста на интернет како и достапноста на информациите.

Главната тема е добро познатиот The Pirate Bay сервис, и излишно е да кажеме колку многу иронија и хумор има во спотот.

Слушајте го добро текстот затоа што голема е веројатноста да се пронајдете во него.
Прочитајте и:  Македонија има најбрз интернет во регионот
- Реклама -