Папата Франциско објави рок албум.
На албумот се наоѓаат 11 песни од одличен музчки ритам кои содржат снимки од проповедите на папата Фрањо на англиски, италијански, шпански и португалски јазик, во кои на верниците им порачува да се разбудат и да направат чекор.
Тој во стиховите апелира да не се подлегне на притисоците, предизвиците и гревовите.
Продуцент на албумот е 80 годишниот италијански свештеник Џулио Нерони, кој работи за компанијата “Multimedia San Paolo”.
Песните се во рокерски стил, избран со цел да им се доближи верата на помладите генерации, а и да се избега од стереотипите.
Ова е прв пат некој Папа да се одлучи на ваков чекор и да влезе во историјата како Папа и артист. Зошто па да не?