…Или зошто војната на мајки со мајки е бесмислена?
Знаете ли која тема може да донесе стотици кликови онлајн и бран коментари во американскиот печат? Проблемите околу буџетот? Дисфункционалноста на Конгресот? Контролата на оружјето? Сирија и бегалците?
Верувале или не, на најпопуларните онлајн медиуми како The Daily Beast и дури класични предводници како NY Times, „најкрваво“ дискутираната тема е војната меѓу мајките кариеристки и мајките домаќинки.
Секој пат кога имаат можност, овие изданија објавуваат содржини за темата на насловните страни и реакциите не доцнат ни час по објавувањето.
Викендов NY Times објави статија на тема како доењето е скриена дискриминација кон вработените мајки и тоа собра скоро седумстотини коментари.
Од далечна Австралија пак оваа недела дојде веста дека речиси целата држава „војува онлајн“ на Facebook страницата Mummy Wars – Aussie Style. Формирана божем како место за дискутирање на проблемите на родителството, критичарите сега тврдат дека таа станала терен за некултурно и вербално гаѓање со јајца меѓу младите мајки.
Ситуацијата во Европа е далеку подобра
Пред неколку месеци две германски новинарки влегоа во жесток вербален дуел. Додека дискутираа на тема за градинките и финансиските бенефиции за родители, едната изјави дека децата подобро се “воспитуваат” во градинка.
Другата пак избувна со аргументот дека родителите се оние кои “воспитуваат”, а градинките само ги “чуваат” децата.
Прашањето што ја прави темата толку актуелна е релативно лесно за одговор.
Општествена трансформација
Општеството минува пред период на трансформација каде жените не само што масовно работат, туку зафаќаат и се повисоки позиции.
Во исто време модерните држави страдаат од ниска стапка на наталитет, а бизнисот уште не може да ја пронајде вистинската формула за рамнотежа помеѓу професионалниот живот и семејство.
Затоа и дебатата се води особено жестоко во САД.
Најголемата економија всушност нема државно субвенционирани систем од градинките. Родителите мора да плаќаат од џеб за одгледување на потомството и често од втората плата не останува многу.
Во овие услови многу семејства решаваат едниот од сопружниците да остане дома со децата или да работи со скратено работно време.
Значи, дебатата меѓу вработените мајки и stay-at-home moms -политички коректен термин за домаќинките, ја храни дневната драма на илјадници семејства.
Постоењето на државни градинки, колку и да сме незадоволни од нив, е причината што ние на Балканот сме порастеретени од оваа тема, за разлика од САД, па и Европа.
Уште нешто, тука е и нашата семејна положба. Воглавно поради немаштијата, многу млади мајки живеат со свекор и свекорва или се во постојан контакт со своите родители, па секогаш има доброволци за чување на децата.
Ако анализирате феминистички теми од овој тип и имате два грама мозок, не можете да не забележите до кој апсурд се водат ваквите дебати.
Имено, заштитниците на едниот вид родителство редовно фрлат стереотипи кон другиот (“расипани”, “сопруги-трофеи” и “употреба на детето како изговор да не работат” домаќинките пак ги нарекуваат вработените мајки “себични”, “амбициозни” и “арогантни”).
Реалноста е посложена
Да почнеме со тоа дека во денешниот постиндустриски свет возраста во која жените стануваат мајки постојано расте. Многу семејства се одлучуваат на деца во времето кога и двајцата родители ќе се изреализираат професионално и ќе стекнат материјален комфор.
Тоа значи дека пред да почнат да се борат со децата, повеќето мајки работеле и имале кариера.
Соодветно, прашањето дали и колку долго време ќе останат грижливи е многу важно.
На никој нема да му текне на пример да бомбардира осемнаесетгодишна мајка со прашања дали ќе се врати за една година на работа или како ќе ги балансира семејството и службените должности. Таа едноставно нема кариера.
Точно е дека сите ја знаеме онаа жена која тврди дека подигнувањето на семејството е нејзиното најголемо достигнување во животот и менувањето на пелени е поголемо задоволство од службено патување во Барселона.
Колку и предметната личност да спамира на Facebook со последните големи достигнувања, нема ништо погрешно да си признаеме дека станува збор за поединечен случај.
99% од мајките, а и татковците се нормални луѓе, кои сакаат како кариера, така и семејство.
Уште повеќе, кога сепак жените одлучуваат да станат домаќини, работите не се толку едноставни.
Ако се земат во предвид статиите во западниот печат кои ја правдаат положбата на stay-at-home-moms, ќе сфатите дека сепак се пишувани од страна на новинарки кои работат од дома. Така давајќи совети дека е лесно да се биде добра домаќинка, тие парадоксално, градат и кариера. Во што повторно, нема апсолутно ништо лошо, токму спротивното.
Ако реалноста која не опкружува е толку сложена, тогаш зошто ја сведуваме на бесмислени и површни дебати?
Кога традиционалните медиуми и новите блогови објавуваат стереотипни статии, тие знаат дека 90% од читателите нема да останат имуни на темата.
Дури напротив – ќе се лутат, ќе пишуваат коментари и ќе ги споделуваат со гнев, а според логиката на денешниот онлајн медиумски бизнис тоа не е лош развој, туку влијание, што е не само што е погрешно туку е и безмилосно искористување. Следниот пат пред да се фрлите во оган на слична тема, размислете – дали некому му е гајле како вие го чувате вашето дете?!