Ангела Меркел ја отфрли можноста за затворање на границата меѓу Германија и Австрија, бидејќи тоа може да доведе до вооружени сценарија во Европа, што ќе биде катастрофа за секоја земја-членка на ЕУ.
Меркел предупреди за опасноста од вооружена ескалација ако Германија ги затвори своите граници со цел запирање на протокот на мигранти.
Според нејзините зборови, ставањето на ограда на унгарската граница доведе до тоа луѓето да бараат патишта во Хрватска, Словенија и Романија. По подигнување на ограда по австриско-германската граница бегалците ќе почнат да се обидуваат да навлезат од Германија во други држави, што ќе доведе до понатамошна ескалација на кризата, а не до нејзино разрешување.