Ајнштајн утнал

Еден од најголемите умови во човековата историја Алберт Ајншатјн не е непогрешлив, а тоа го докажа група холандски научници која ја проби неговата теорија за брзина на светлината.

v196258

Научниците од Delft University of Technoglogy докажаа дека објектите имаат одредени ефекти едни на други без оглед на нивната меѓусебна оддалеченост. Ајншајн смета дека ваквото однесување на елементарните честички е невозможно, а добар дел од животот поминал обидувајќи се да го објасни овој проблем на некој прифатлив начин, и тоа не му пошло од рака.

Изведени повеќе од 200 експерименти

Научниците извеле екперимент повеќе од 200 пати во 18 дена и докажале дека електроните кои се наоѓаат во два различни дијаманти се оддалечени 1,3 километри еден од друг, незабележливо и брзо поврзани низ емисија фотони во двата дијаманти.

Потврдено е дека двата објекти комуницираат без оглед на оддалеченоста, препреките, па дури и времето.

„ Ова беше убав и генијален експеримент кој ќе помогне цела квантна механика да добие нов пристап“, изјави Давид Каисер од МИТ.

Ајншајн со Борис Подлски и Натан Розен во 1935 година напиша труд во кој се тврди дека квантната механика не може да биде сметана за конечна теорија. Рекоа дека постојат некои скриени варијабли кои уште не се откриени така што тогаш кога ќе бидат откриени теоријата ќе добие конклузија.

Дупки во теоријата

Меѓутоа, докажано е дека честичките во вселената сепак меѓусебно се испреплетени така што влијаат една на друга без оглед на нивната меѓусебна оддалеченост.

Бројни научници се обидуваа да откријат дупки во теоријата со помош на модерна технологија, но тоа и појде од рака дури на групата научници од  Delft University of Technoglogy.

- Реклама -