Бисквит од „Титаник“ продаден на аукција

23.000 долари бил продаден бисквитот што ја преживеал трагедијата на „Титаник“, пишува Би-Би-Си.

titanic-biscuit-610848

Имено, бисквитот бил дел од кутијата за прва помош што им ја давале на патниците додека се качувале на спасувачките чамци. Џејмс Фенвик е патникот кој го зачувал парчето додека се качувал на чамец. Тој бил на брод по повод медениот месец со неговата сопруга, не очекувајќи дека нивното љубовно патување ќе прерасне во катастрофа од историски размери.

Џејмс го зачувал бисквитот во кеса од Кодак филм на која напишал „бисквит од чамец за спасување на Титаник, 1912 година“.

Во кесата, храната не примила влага, па останала сочувана во добра состојба и не била изложена на надворешни влијанија.

Купувачот е неименувам колекционер по потекло од Грција.

titanic-biscuit

- Реклама -