Списанието „Форбс“ прво ја објави листата на најплатените личности на „Јутјуб“. Најмногу заработуваат комичарите, обожавателите на видео игри, куварите, шминкерите…
Ако во изминатиот период сме можеле да прочитаме колку заработуваат популарните филмски и телевизиски глумци, глумици и спортистите, сега на ред се оние кои своите таленти ги претставуваат на друштвената мрежа „Јутјуб“. Ова е прв пат реномираното списание „Форбс“ да ги рангира Јутјуберите. За нивниот пласман на листата од јуни минатата година до јуни годинава зборуваат заработувачките без даноците и таксите, податоците што агенцијата „Нилсен“ и сајтот ИМДБ го имаат доставено на „Форбс“, прегледувањата на снимките на „Јутјуб“, како и интрвјуата со многумина агенти во индустријата на забавата.
Прв на листата со заработувачка од дванаесет милиони долари годишно е Феликс Кјелберг (25) попознат како „Пју-Ди-Пај“. На посетителите на неговиот профил кој брои речиси четириесет милиони следачи забавно им е да го гледаат додека тој ги поминува нивоата во најпопуларните видео игри. Со своите шеговити коментари тој ја има освоено публиката на интернетот.
Другарите Иан Хекокс и Ентони Падиља имаат пет „Смош“ канали на „Јутјуб“ и истоимен филм. Со своите скечеви стекнале бројни обожаватели, но и заработувачка од 8,5 милиони долари. Иста плата заработиле и „Фајн Бродерс“ водители на емисијата „Реакција на тоа“ на една детска телевизија.
Виолинистката Линзи Стирлинг вниманието на јавноста го свртела со обработките на популарни песни, особено со воведната тема на популарната серија „Гејм оф троунс“. Откако повеќе пати не ѝ успеало да сними албум, се свртела кон „Јутјуб“ од што заработува шест милиони годишно. Таа сега има и албум, но и канал кој е многу посетен на оваа друштвена мрежа, а има и армија обожаватели.
Благодарение на смешните снимки, дуото Рет и Линк заработуваат 4,5 милиони долари годишно, додека иста сума добива и коментаторот на видеов игри – Британецот Ксај.
Мишел Фан се најде на листата благодарение на туторијалот „Како најдобро да се нашминкате“ за кој добива 3 милиони годишно.
Половина милион помалку добиваат стенд-ап комичарката Лили Синг попозната како Супердевојка, Ронам Етвуд познат по својата скриена камера и Ронсана Пансино која посетителите на нејзиниот профил ги учи да готват.