Иран ќе учествува во меѓународните преговори за сириската криза

Иран ќе учествува во меѓународните преговори за сириската криза, кои ќе се одржат оваа недела во Виена, пренесува ВВС, повикувајќи се на изјава од иранското Министерство за надворешни работи.

Ова ќе биде прво учество на Иран во разговорите за пребарување на решение на сирискиот конфликт.

Претходно САД соопштија дека Техеран бил поканет да се приклучи на преговорите во Виена, во кои ќе учествуваат министрите за надворешни работи на САД, Русија, Саудиска Арабија и Турција.

- Реклама -