Најрастечкиот производител на паметни телефони – кинескиот Huawei, го претстави денеска новиот модел Honor 5X.
Уредот се одликува со технички карактеристики својствени за моделите од средната класа, но е со далеку пониска цена.
Телото на смартфонот е метално, а екранот е 5.5-инчен со резолуција од 1.080 пиксели. Процесорот е 64-битен осмојадрен Snapdragon 616 со фреквенција од 1.2 GHz.
Уредот ќе се нуди во две варијанти – со 2 и со 3 GB RAM меморија. На позадината се наоѓа сензор за отпечатоци, како и 13-мегапикселна камера со двоен LED блиц. Предната камера е 5 мегапикселна.
Батеријата е со капацитет од 3 000mAh и со можност за полнење Quick Charge 3.0, што му овозможува да вчита до 50% за 30 минути. Уредот со 2GB RAM меморија ќе се нуди по цена од 157 долари, додека оној со 3 GB ќе се продава за 220 американски долари.