Вечерва на МТФ Скупи Фестивал „Духот кој оди“

Вечерва, на 28.10.2015 во рамките на Меѓународниот Театарски Фестивал „Скупи Фестивал“, на сцената на Младинскиот Културен Центар ќе биде прикажана преставата „Духот кој оди“ во режија на Александар Поповски.

unnamed (1)

„Духот кој оди“ (Патот на Прометеј) е тескт на нашиот прочуен автор Дејан Дуковски, која Поповски оваа година ја продуцираше на сцената на Српскиот Народен Театар во Нови Сад.

unnamed

Претставата која порачува „системот ќе пукне“ премиерно беше одиграна на 15 септември во матичниот театар, а вечерва премиерно ќе биде прикажана на Скопје. Огромно задоволство на фестивалот му причинува фактот што во програмата има претстава која сплотува две истакнати имиња од македонската театарска сцена.

unnamed (2)

Духот кој оди, 20.00, Младински Културен Центар

Во утописката мелодрама создаден е лик кој со хамлетова енергија се движи низ корумпираниот систем и наместо да размислува, тој делува. Во својот ирационален поход наоружен е со хипнотичката моќ на убедување, а неговиот метод е убивање. Крваво гази преку се и секого кој ќе му се најде на патот, одејќи како носорог по својата патека на правдата, патот на слободата. Кој е тој? Херој? Убиец? Обичен човек доведен до елементарна опструкција на здравиот разум? Дух со секира или виор на револуцијата кој ја кине главата на режимот… Можеби само идеја која многумина обезправедни ја имаат денес.

unnamed (3)

Автор: Дејан Дуковски

Режија: Александар Поповски

Улоги: Ненад Пеќинар, Душан Јакишиќ, Милорад Капор, Игор Павловиќ, Страхиња Бојовиќ, Радоје Чупиќ, Јована Стипиќ, Гордана Ѓурѓевиќ Димиќ, Вишња Обрадовиќ, Даница Грубачки

- Реклама -