Акварелот неспорно е најтешката техника која малкумина добри уметници ја владеат. Еден од признаените мајстори на акварел, кој ужива исклучителна популарност на социјалните мрежи, е Мохамед Јаздчи (Mohammad Yazdchi) од Техеран, Иран.
Неговата мртва природа со цвеќиња е толку впечатлива што е доволно да се види само една од неговите слики, за да се наполниме со добро расположение кое ќе не следи во текот на целиот ден.