Фестивалот за европската литература „BookStar“ завршува со промоција на книгата „Дај две, љубовни!“ и групата „Фолтин“
Книгата ќе ја промовира книжевната теоретичарка Лидија Капушевска-Дракулевска, со почеток во 20 часот во клуб-ресторанот „МКЦ“, на 27 октомври во среда.
Со поетско читање настапуваат: Велко Неделковски, Ленче Милошевска, Никола Маџиров, Сузана В. Спасовска, Владимир Мартиновски, Ѓоко Здравески, Сузи Тенева, Ацо Гогов, Владимир Јанковски, Лидија Танушевска, Милица Миркуловска, Радица Никодиновска, Борис Митковски, Елена Пренџова, Биљана Стојановска, Елена Конеска, Исток Улчар и Зоран Радически. –
Концертот на Фолтин ќе започне во 21.30 часот.