Бродолом во Канада: Загинаа 5 лица

Брод кој превезувал 27 лица, потонал крај брегот на Канада во близина на селото Тофино.

Пет лица загинаа при потонувањето на бродот во близина на брегот на Канада, објави телевизискиот канал CBC News, повикувајќи се на информации од локалните власти.

Kanada-potonuo-brod-2

Инцидентот се случил во близина на градот Тофино кој се наоѓа во Британска Колумбија. Во моментот на несреќата на бродот се наоѓале 27 лица. На лице место работат спасувачките екипи, потпомогнати од локалните жители и рибари во потрагата по преживеани лица.

- Реклама -