“Фолксваген” ги разрешил сите инженери вклучени во дизел скандалот

Германскиот автомобилски концерн “Фолксваген”,  главен актер во скандалот за употреба на софтвер кој овозможува да се заобиколат барањата за заштита на животната средина, разреши не само неколку високи менаџери, туку и сите редовни работници и инженери, кои имаат некаква врска со дизел скандалот, соопшти The Wall Street Journal.

Volkswagen-Scandal

Според весникот, производителот на автомобили одлучи да го преземе овој чекор по препораки од адвокатската фирма US Jones Day, изнајмена од “Фолксваген” да спроведе внатрешна истрага, за да разбере како програмата, која овозможувала да се фалсификуваат еколошките мерења во САД и Европа, била инсталирана на околу 11 милиони автомобили.

- Реклама -