Порака од Југословените до вонземјанците во 1977 година

 

НАСА објави пристап до целовкупната содржина на златни плочи поставени во леталата  Voyager 1 i 2 на кои се наоѓаат различни записи наменети за вонземјаните.

Имено, НАСА ги лансираше близнаците во 1977 година, со првобитна цел да ги испитаат Сатурн и Јупитер, но откако завршија со задачата продолжија кон истражување на Универзумот, а денес се наоѓаат на границата помеѓу Сончевиот систем и меѓѕвездениот простор.

vonzemjanci

На плочите земјаните тогаш оставиле бројни пораки, во случај до нив да дојдат вонземјани.

Имало разни слики и снимки, песни, звуци – краток вовед во животот на Земјата.

Меѓу останатото, тука има и музика на славни композитори како Бах и земски звуци како гласови на мајка и дете, птица, куче, шимпанзо, ветер, дожд, оган и поздрави на 55 јазици.

Прочитајте и:  Нови снимки од Јупитер, веројатно најдобрите досега

Од тогашна Југославија била испратена порака на српско-хрватски јазик која гласела  “Želimo vam sve najljepše s naše planete”.

- Реклама -