YouTube Red – без реклами, но со наплата

Гласините дека Google ќе лансира нов YouTube сервис кој нуди можност за гледање на видео материјали без рекрами, ќе стане реалност.

Денеска интернет гигантот најави дека YouTube Red стартува на 28 октомври. Од тогаш корисниците ќе можат да се претплатат на него и да добијат неколку бонуси. Ќе биде достапна и можност за 30-дневен бесплатен тест период.

Логично дека гледањето видеа без реклами не е единствената предност на YouTube Red пред обичниот видео сервис. Секој, кој решил да плаќа по 9,99 долари месечно за YouTube Red, ќе може да задржува видеа за разгледување офлајн, а исто така ќе може да ја искористи и можноста да слуша музика на мобилната верзија на YouTube, додека користи друга апликација.

Не е изненадувачки и фактот што YouTube Red започнува да функционира на 28 октомври само за САД. Покрај тоа, секој корисник, кој платил за услугата, ќе добие и бесплатна претплата за Google Play Music. И спротивно – користејќи ја платената верзија на Google за музика, ќе станете автоматски (и бесплатно) корисници и на YouTube Red.

ym

Останува да видиме кога опцијата ќе стане достапна за Македонија.

- Реклама -