Македонци со бугарски пасоши

Колку Македонци добиле бугарски пасоши лани?

Според најновите податоци на статистичкото биро на ЕУ- Евростат, лани 234 Македонци добиле државјанство/дозвола за престој во Бугарија.

0,,15956085_303,00

Македонците не се први на листата на државјани кои бараат бугарски пасош

Имено,  Бугарија најмногу државјанства лани им поделила на Русите, втори се Турците, по нив следат Украинците и Кинезите, додека на петтата позиција се Македонците.

Споредено со годините наназад, особено од 2009 година (откако беше воведена визната либерализација) се забележува значително намалување на бројот на државјанства кои Бугарија им ги доделува на Македонците, анализира Капитал. Најголемиот отскок е направен меѓу 2009 и 2010 година, кога дури речиси за 90% се намалува бројот на доделени пасоши од Бугарија за Македонците. Во 2009 година биле доделени вкупно 4.406 државјанства на Македонци, додека во 2010 Бугарија доделила само 444 државјанства на наши граѓани. Во 2011 година пак, вкупно 266 лица добиле државјанство од Бугарија, а во 2012 277.

Бугарија

Инаку, Бугарското министерство за правда лани објави дека од 2001 година до почетокот на 2014 околу 51.000 македонски државјанин добил бугарско државјанство.

Освен во Бугарија, Македонците аплицирале за државјанство/дозвола за престој и во Словенија, каде се доделени 562 вакви дозволи но и во Хрватска каде биле издадени 261 државјанства на Македонци.

- Реклама -