Canon го најави новиот EOS M фотоапарат

Canon најпосле создаде компактен фотоапарат со голем сензор. До сега Canon беше единствениот произведувач кој не нудеше камера без огледала со променливи објективи. Canon EOS M изгледа одлично и има доста ниска цена.

Canon EOS M е намалена верзија на новиот T4i DSLR и го содржи истиот Live View автофокус кој е идеален за видеа; истиот тачскрин кој го олсенува контролирањето и истиот APS-C сензор од 18 мегапиксели и Digic 5 процесор, сето тоа и 22 милиметарски објектив за 800 долари.

EOS M користи нов систем за објективи кој е помал. Компанијата прво ќе создаде два објективи за камерата. Камерата ќе започне продажба на EOS M со новиот EF-M 22mm f/2 STM објектив. Подолг EF-M 18-55mm f/3.5-5.6 IS STM објектив ќе биде достапен за 300 долари. Со првиот објектив апаратот има димензии како и секоја друга камера со DSLR сензор.

Со вториот објектив апаратот изгледа како Sony NEX-F3. Canon заштедил на големината и со изоставување на вграден блиц, нудејќи мал надворешен Speedlite 90EX блиц кој ќе чини дополнителни 150 долари. А ако веќе имате блиц, приклучокот на камерата дозволува користење на било кој DSLR блиц. [Canon announces the mirrorless EOS M Digital Camera]

- Реклама -