Милиони луѓе во светот користат Skype за да комуницираат. Но не се малку и оние кои ја заборавиле точната регистрација или не сакаат да си направат таква за Skype, бидејќи веќе имаат повеќе отколку што можат да управуваат.
Затоа има едно ново и многу сериозно олеснување – за користење на апликацијата Skype наскоро нема да биде потребен акаунт, јавува PC World.
Кажано точно, корисниците без регистрација на Skype ќе можат да се вклучат во разговор (а исто и во видео разговор и дури конференциски комуникации) преку клик на посебен линк.
Референцата се добива непосредно од Skype, a соговорникот без регистрација ќе може да го отвори во својот прелистувач и да ја користи веб верзијата на апликацијата.
Засега оваа нова можност е достапна само за корисниците во САД и Велика Британија, но само по неколку недели таа би требало да се појави и во останатите земји во светот.