Вечерта меѓу саботата и неделата започнува зимското сметање на времето.
Тоа значи дека стрелките ќе се поместат наназад, односно доколку часот е 3, по преместувањето на стрелките ќе биде 2.
Зимското сметање ќе трае до последниот викенд на март.
Преминувањето на летно и зимско време првпат е забележано во 1916 година во земјите на северна Европа, а досега воведено е во околу 70 земји, главно на северната хемисфера.