Либералната партија победник на изборите во Канада

Либералната партија во Канада победи на парламентарните избори во земјата со повеќе од 40% од гласовите.

Со тоа, Џастин Трудо стана новиот премиер на земјата, после десетгодишното владеење на Конзервативната партија на премиерот Стивен Харпер.

На второ место се конзервативците со 31,4% од гласовите (над 1,8 милиони гласови), а на трето – “Нова демократска партија” со 18,2%.

- Реклама -