Како до 7-ца на лото?

Голем број луѓе не ги бираат комбинациите на броевите случајно, туку се служат со комбинации меморирани во долгорочната меморија.

Играњето на среќни лото комбинации кои се состојат од датуми на раѓање и годишнини не се најдобрата варијанта, еве зошто.

Имено, според истражувањето “Number Preferences in Lotteries” кое го објавија научници од универзитетот Ротердам и Амстердам и Економскиот факултет во Нотингем, потврдено е дека токму таквите комбинации ги бираат најголем број луѓе кои редовно си ја пробуваат среќата.

„По анализата на уплатени ливчиња, од кои прегледавме повеќе од пет милиони, утврдивме дека голем дел од луѓето уплаќаат комбинации кои се состојат од броеви сочувани во долгорочната меморија, односно поголем дел од луѓето преферираат комбинација која вклучува годишнини, родендени и слично“, стои во истражувањето.

thumb

Статистички е подеднакво веројатно да се освои добивката на овој или оној начин – со случајни комбинации или со впишување на броеви од 1 до 12, но истражувањето покажа дека најголем број луѓе избираат броеви кои одговараат на деновите во месецот и поретко на месеците во годината, што ја зголемува шансата за слични или еднакви комбинации, со што се намалува вклупната добивка, односно се дели на неколку дела.

Лаички, поголем дел од комбинациите се состојат од броеви помеѓу 1 до 12, односно 1 до 31, а ретко кој бира броеви над 32. Истражувањето покажа дека најчесто биран број е 11, кој бил забележан во 16, 5 проценти од комбинациите, а најредок број е 37, избран во само 10,3 проценти од случаите.

Експертите во истражувањето базирале броеви кои можат да се изберат во холандската лотарија, во која играчите мораат да изберат шест броеви помеѓу 1 и 45 плус еден од шест понудени броеви, а шансите за освојување на нивниот Џекпот или барем еден дел се помеѓу 1 и 49 милиони. Холанѓаните најчесто ги впишуваат сопствените родендени и адресата.

Интересен е и податокот, кој истражувачите го воочија кај најчесто користените комбинации, од популарната американска серија „Lost“.

Повеќе од 3.200 пати одиграни се броевите 4,8,15,16,23 i 42, што е комбинација од популарната серија.

„Не постои теорија или комбинација на броеви кои би донеле најголема добивка. Статистички, секој број, односно било која комбинација имаат еднакви шанси за победа“, велат експертите.

Според нив главно е да се обрне внимание на изборот на броеви, односно веројатноста да ја делите добивката со повеќе луѓе, доколку нели дојдете до неа. Затоа, избегнувајте многу датуми во иднина и обедете се со сосема случајни броеви.

 

- Реклама -