Уапсени се најмалку пет лица во денешната акција која ја спроведе полицијата главно во кумановските села Брест, Малино и Отља.
Лицата се осомничени за помагање на криминално-терористичката група која пред 6 месеци се судри со македонската полиција. Јатаците на терористите се однесени пред надлежниот судија, а во текот на денот се очекуваат и подетални информации, веднаш по прес-конференцијата на МВР.