Животни лекции од Пипи

Пипи Долгиот Чореп умее да живее вистински. Малото палаво девојче се насладува на животот максимално, знае што е најважно, што е сериозно, а што не е.

За вас собравме три цитати од Пипи Долгото Чорепче, што ќе ви помогнат да го откриете детето во себе.

*“- Што пишува таму? – се заинтересира Пипи.
– Пишува:” Дали страдате од пеги? “- и објасни Аника.
Таа ја турна вратата и влезе во продавницата, а по неа се стрчаа Томи и Аника. На штандот стоеше постара дама. Пипи тргна право кон неа.
– Не! – рече решително таа.
– Што сакаш? – праша жената.
– Не! – повтори Пипи.
– Не разбирам што сакаш да кажеш – се зачуди постарата госпоѓа.
– Не, воопшто не страдам од пеги! – рече Пипи.
Дури сега жената сфати, но кога се загледа во Пипи, не можеше да се воздржи и извика:
– Но, мило дете, целото твое лице е опсипано со пеги!
– Па што ако! – одговори Пипи. – Јас не страдам од нив, туку си ги сакам! збогум! “

2cceb77c51f44bad8c52776db1a3a103*“Пипи, праша Томи, – можеш ли да свириш на пијано?

– Од каде ќе знам дали можам кога никогаш не сум пробала – одговори Пипи. Искрено, Томи за да научам да свирам на пијано без пијано, потребни се страшно многу вежби. “

Pippi-Longstocking-007

*“Тоа навистина не вреди – рече Пипи. – Големите луѓе никогаш не се забавуваат. Имаат само купишта непријатни работи, глупава облека, жуљеви и неплатен данок.

– Дури и не умеат да си играат – истакна Аника. – Уф, само кога ќе помислам дека едноставно мора да пораснеме!

– Кој рекол дека мора, приговара Пипи. – Ако не се лажам, тука некаде има некои апчиња … Едни многу убави апчиња за луѓе кои не сакаат да пораснат.

2871351-20110915-100849-5-1000x1001we

- Реклама -