Илустрации за среќата во малите нешта

Среќата се крие во малите нешта и овие илустрации го докажуваат тоа.

Веќе ве имаме запознаено со Нидхи Чанани – индиска сликарка и музичарка, која живее во САД. Кога започнала да се занимава со цртање, таа воопшто и не ни сонувала за некаква голема кариера на илустраторка. Нејзината единствена цел била нејзините дела да им носат радост на луѓето.

Чанани сонувала да ги натера сите да започнат да ги разликуваат малите радости во бурните и напорни животи. Само на тој начин ќе можеме навистина да уживаме во нив.

Во своите илустрации Нидхи покажува дека без разлика дали сме сами или не, среќата ни е на дофат, фали само да ја согледаме…

Да ја гледаш убавината на светот околу тебе, дури и кога патуваш кон работа

Да додадеш малку зачин на средбата

Да пробаш нешто ново

Да направиш домашен концерт

Да си разговарате цела вечер

Да трчаш слободно

Да му кажеш “Здраво!” на новиот ден

Да се ​​вратиш во детството со еден скок во вирче

Да го кренеш детето во раце и да му покажеш колку голем е светот

Или да му раскажеш смешна приказна од детството на неговиот татко

Да ги продолжиш семејните традиции, дури и кога децата ќе пораснат

Состанок под есенските лисја

Да танцуваш со своите пријатели на позадината на The Beatles

Да се ​​собереш со најблиските, без повод

Да си замислиш желба

И конечно да ја исполниш

- Реклама -