Фестивал на Германски филм во Скопје

По 11 пат, од 15 до 18 октомври, ќе се одржи Фестивалот на новиот германски филм во Скопје.

„И годинава ги носиме најновите германски продукции на киноекраните во целата земја. Ни претставува особено задoволство што во десет македонски града, во Скопје, Битола, Прилеп, Охрид, Куманово, Тетово, Велес, Штип, Кавадарци и Струмица, ќе ја прикажеме разноликоста на германската кинематографија“, вели амбасадорката на Сојузна Република Германија д-р Кристине Д. Алтхаузер.

Проекциите на филмовите ќе бидат во кино Фросина (МКЦ), а влезниците ќе можат да се купат од билетарата на киното по цена од 100 денари.

Целосната програма на Фестивалот на новиот германски филм може да ја погледнете ОВДЕ.

- Реклама -