87 годишен Тетовец паднал од покривот додека менувал ќерамиди

Вчерашното невреме во Тетово е најверојатно причината за падот на 87 годишниот Тетовец, Ќ.С.

Непотврдените информации велат дека  лицето Ќ.С се качило на покривот, на височина од околу 2,5 метри за да ги замени ќерамидите од каде што протекувала вода во неговата куќа. За жал, паднал и тешко се повредил.
Го забележале соседите кои веднаш повикале брза помош и експресно бил пренесен во болница во Тетово, од каде бил префрлен на скопските клиники.

- Реклама -