Пијанчење и тепачки меѓу научниците на Антарктикот

Антарктикот е студено и досадно место. Затоа, научниците и теренските работници си го пополнуваат времето со алкохол и тепачки.

ANTARCTICA SNOWFALL CASEY STATION

„Постои голема културна поделеност на Антарктикот. Научниците и работниците на договор јадат, пијат и се дружат одвоено“, вели Филип Бротон, кој во 2003-тата работел на Јужниот пол како техничар, но и како бармен.

Ревизорите неколкупати досега се уверија дека истражувачите кои престојуваат на јужниот крај на планетата консумираат огромни количини на алкохол. Еден од нив дури имал и сопствен „бренд“ на пиво, кој го произведувал во лабораторијата во која работел, што е ем забрането, ем незаконско. „Пивскиот барон“ бил вратен дома, ама не ја изгубил работата.

Заради претерувањето со алкохол, научниците често се однесуваат непредвидливо и непримерно. Од друга страна, работниците доаѓаат пијани дури и на работа. Кога во целата работа ќе се вмешаат и културните разлики, јасно е зошто толку често доаѓа до непристојни навреди, закани и тепачки меѓу едните и другите.

Проблемот со Антарктикот е што таму нема судови, ниту било какво присуство на закони или некој што би ги спроведувал. Сите тамошни жители го знаат тоа. Од друга страна, САД имаат своја база, но тоа не е нивна територија.

За време на летниот период, во американската база МекМурдо престојуваат околу 1000 луѓе, или изразено во бројот на тепачки – многу. Фондацијата National Science одлучи да воведе тестирање на алкохол, со цел да ги спречи научниците да пијат. Ако не им успее, ништо чудно и да им се придружат.

- Реклама -